Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за најавеното напуштање на Реал: Се согласувам со Мурињо!

Објавено

на

Карло Анчелоти освои многу трофеи со Реал Мадрид, но шпанските медиуми најавуваат дека веројатно ќе го напушти „кралскиот клуб“ по крајот на сезоната.

Во пресрет на дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, Анчелоти повторно коментирал на оваа тема, посебно во конотација на изјавата на Жозе Мурињо, кој истакна дека само „луд човек“ би решил самоиницијативно да го напушти Реал.

– Јас сум „Мурињиста“ и имам одличен однос со Жозе.

– Нашата врска е зацврстена поради Рома, јас бев капитен на оваа екипа и тоа беше прекрасен период од мојот живот.

– Се согласувам со неговата изјава, само луд човек може да го напушти Реал. Но, јас не брзам и концентриран сум само на следните натпревари на Реал, – изјавил Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни