Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за најавената разделба со Реал: Никогаш нема да донесам таква одлука

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти последниов период е поврзуван со заминување од Реал Мадрид по крајот на актуелната сезона, а дел од шпанските медиуми тврдат дека тоа е и негова конечна одлука без разлика на постигнувањата наредните месеци.

Денеска, Анчелоти зборувал пред новинарите и морал да дава одговори и на оваа тема, по што се обидел да биде најконцизен што може.

– Ќе бидам јасен по ова прашање.

– Не зависи од мене кога ќе го напуштам Реал Мадрид, не сум донел никаква одлука. Тоа ќе се случи некој ден, можеби ќе биде утре, но не можам да кажам кога ќе биде.

– Се надевам дека ќе останам уште четири години, тогаш ќе истече и новиот мандат на Флорентино Перез, па тоа би бил супер начин за простување заедно со него, – рекол Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни