Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за можниот наследник во Реал: Двајца млади тренери посебно ми се допаѓаат

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти доби нови главоболки за време на репрезентативната пауза и остана без Едуардо Камавинга и Винисиус Жуниор, но и покрај тоа, Италијанецот верува дека има добар избор на играчи кои можат добро да одговорат на овие отсуства.

Италијанскиот стручњак попладнево го најави утрешниот дуел против Кадис во Ла Лига, а пред истиот повторно зборуваше за својата иднина, но и за еден од главните кандидати за негов наследник.

Анчелоти нагласи дека ќе го чека Флорентино Перез и Реал Мадрид до последна секунда за продолжување на договорот, но нема да има никаков проблем доколку биде заменет од Чаби Алонсо.

– Не мислам на иднината. Мислам на ова што се случува сега. Јас ќе го чекам Реал Мадрид до последниот ден, до последната секунда.

– Чаби беше сензационален како играч, а сега е импресивен и како тренер. Ги има сите предиспозции за да биде перфектен тренер. Многу ми се допаѓа како работи, тој и Тиаго Мота се двајцата млади тренери кои најмногу ми се допаѓаат. Нивните методи се добри и Чаби е профил на тренер кој би бил одличен за Реал Мадрид. Добро познава се што се случува во клубот, а истовремено е многу сакан од сите, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни