Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Лас Палмас и дојде до првото место на табелата во шпанската Примера.

„Кралевите“ дадоа четири гола од кои два беа дело на Килијан Мбапе кој полека влегува во посакуваниот ритам, па на последните три средби има четири погодоци.

Во тековнава сезона има дадено 17 голови, па тренерот Карло Анчелоти порача дека е најдобар голгетер на светот.

-Тој е најдобриот центарфор во светот, имаше сомнежи дали може да игра таму или ќе биде подобар лево. Тој е одличен напаѓач, многу е добар во центарот, повеќе отколку на крилната позиција, неговото трчање е уникатно и може подобро да го искористи тоа внатре, -порача дон Карло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни