Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за контроверзната изјава на Симеоне: Со таков став се обидува да го пренасочи ударот

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Големото мадридско дерби донесе содржина за најмалку три меча во еден, па токму поради тоа, ремито на „Метрополитано“ останува топ тема и во ситуацијата кога двата тима се подготвуваат за предизвиците во Лига на шампиони.

Карло Анчелоти и Диего Симеоне добија нови серија прашања за контроверзниот прекин и спорните изјави кои се дадоа по ремито од 1:1, а поискусниот тренер прв имаше можност да зборува пред новинарите.

Чоло Симеоне побара казна за Тибо Куртоа поради тоа што смета дека тој бил оној кој ги испровоцирал навивачите на Атлетико, став со кој дефинитивно не се согласува Дон Карло, кој денеска порача дека Аргентинецот со таа изјава очигледно го пренасочува ударот.

– Го почитувам било кое мислење, но ситуацијата беше јасна. На натпреварот во неделата имаше насилнички потези и за насилниците нема место во фудбалот, ниту во општеството. Се обидувам да бидам учтив кон сите, но цел свет виде што се случи. Според мене, насилниците се тие за кои нема место во фудбалот и во општеството.

– Да се зборува за нешто друго освен за насилниците, е пренасочување на ударот. Насилниците не треба да бидат дел од нашата игра. Не зборувам за Атлетико, зборувам општо за фудбалот. Не е важно за кој стадион станува збор. Не смее да има насилници во Реал, во Атлетико, во Вилјареал, или било каде. Не смее да се пренасочи ударот и да се доведе во прашање Куртоа. Тој цел меч слушаше како му викаат „Куртоа умри“, затоа велам дека не треба да се пренасоч ударот. Заклучокот е јасен, во фудбалот нема место за насилниците, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни