Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе беше нов голем трагичар во петтиот сезонски пораз за Реал Мадрид, но не и единствениот на гостувањето на „Сан Мамес“ кај Атлетик Билбао.

Реал Мадрид успеа да израмни и да се врати во игра по промашениот пенал на Мбапе, меѓутоа веднаш по голот на Џуд Белингам, гостите си „пукаа во колено“ на некарактеристичен начин.

Голема грешка направи најстандардниот играч на Карло Анчелоти, па затоа италијанскиот стручњак реши да го заштити Феде Валверде, кој синоќа ја направи најголемата грешка како играч на „кралскиот клуб“.

– Феде е тажен за грешката, но Феде не смее да се допре. Тој е недопирлив во нашиот тим. Грешките се дел од фудбалот и нема да се навраќаме на овој момент, – изјави Анчелоти, кој призна дека Мбапе игра без посакуваната самодоверба.

– Мбапе не игра на највисоко ниво и сам е свесен за тоа. Потребно му е време и ќе го добие. Јасно е дека може да се подобри, а тука не мислам само на пеналите. Јас не сум тренер кој оценува еден играч само поради начинот на кој изведува пенали, – додава Карло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни