Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за играчот кој комплетно го заборави: Се е во ред…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид им се врати на победите во Примера и тоа со три бода против Џирона на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Модриќ и Винисиус Жуниор погодија по еднаш во двете полувремиња за 16. лигашко славје и израмнување на врвот на табелата со Барселона.

И на овој меч тренерот Карло Анчелоти одново не му даде никаква шанса на големиот турски талент Арда Гулер кој веќе пет натпревари е без одиграна минута. Последниот настап му беше против Леганес во Копа Дел Реј на 5 февруари, а претходно стартер во оваа 2025 година беше само уште против нисколигашот Депортиво Минера.

Ова сигурно носи нервоза кај Турчинот, но мирен и спокоен е тренерот Карло Анчелоти кој кратко порача:

-Се е во ред, подготвен е за игра, -порачал Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни