Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за играчот кој е прекуброен во Реал: Му посакувам да си пронајде адекватен тим

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти се задоволи со играчите кои ги има и најави дека Реал Мадрид нема да биде активен во доведување на нови фудбалери, но затоа може да се ослободи од одредени играчи кои не се во планот на италијанскиот стручњак.

Тука пред се се мисли на играчите за кои беше проектирано да стекнат поголемо искуство преку позајмици, а Бразилецот Реинер дефинитивно е случај кој полека загрижува во шпанската престолнина.

Младиот офанзивен фудбалер не бележи прогрес каков што се очекуваше и за него нема место во тимот на Анчелоти, па негова главна задача во преостанатите два дена сигурно ќе биде да си пронајде нова средина.

Реал плати 30 милиони евра за Реинер пред четири години и тој има важечки договор до 2026-та година, што алудира на тоа дека повторно ќе мора да си најде опција како позајмен фудбалер.

Реинер последно играше за Фрозиноне во Серија А и таму не воодушеви со изданијата, а сега Дон Карло му испрати еден кратко и искрен совет пред последните 48 часа од трансфер пазарот.

– Реинер? Му препорачувам да пронајде адекватен тим во кој ќе може да ги покаже своите квалитети. Не посакувам ништо друго, освен тоа, – изјави Карло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни