Шпанија
Анчелоти за играчот кој долго се загреваше, а повторно не доби шанса: Треба да работи повеќе
Реал Мадрид профитираше од трите кикса на Барселона и дојде на само минус еден од каталонскиот гигант, но ако се знае дека тимот на Карло Анчелоти има натпревар помалку, тогаш математиките дефинитивно одат во прилог на „кралскиот клуб“.
По тешкиот „Ел Класико“ пораз, Реал брзо се рехабилитираше и нанижа серија позитивни резултати во Ла Лига, а последниот беше остварен денеска над Хетафе.
Реал во малото градско дерби славеше со 2:0 во натпревар на кој во стартната постава се врати Родриго, но и покрај тоа што надвор од тимот се уште е Винисиус, Ендрик дури и во таква ситуација не доби вистинска шанса.
Иако се загреваше, Ендрик остана неискористена замена на италијанскиот стручњак, кој по натпреварот му порача на младиот Бразилец дека има само еден начин да се избори за поголема минутажа.
– Што е потребно за да игра повеќе? Треба да работи повеќе. Не влезе во игра бидејќи Мбапе беше многу опасен, а добри беа и останатите играчи во нападот. Треба да продолжи да работи напорно и да биде подготвен за следниот меч, – порача Анчелоти.
-
Светски првенства15 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија21 час
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија15 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства16 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија19 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија20 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет21 час
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот
-
Германија20 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)