Поврзете се со нас

Англија

Анчелоти за гестот на Белингам: Научи што е најпаметно против судиите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам не беше свеж како обично и двата натпревари кои ги одигра за Англија влијаеја врз неговото издание против Атлетик Билбао, па и покрај тоа што не беше на највисоко ниво, успеа да запише една асистенција.

Родриго заврши најголем дел од задачата и со два импресивни гола донесе победа за Реал Мадрид против Атлетик Билбао, додека Белингам се најде во фокусот и поради еден негов гест кон главниот судија.

Хавиер Алберола имаше неколку чудни одлуки на „Бернабеу“ и дел од нив не можеа да бидат сфатени од актерите на теренот, па Џуд режираше и еден гест со кој алудираше дека мора да си ја затне устата.

Поради протести на „Месталја“, Белингам заработи суспензија од два меча и не играше против Селта Виго и Осасуна, но тоа изгледа направи да ја научи лекцијата.

– Белингам ја немаше свежината која ја има обично, најверојатно ја плати цената за натпреварите кои ги одигра и патот кој го мина. Неговиот гест? Не знам што точно мисли за судиите, но очигледно научи што е најпаметно да прави против нив: Да молчи!, – порача Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни