Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за фудбалерот кој не одигра ниту една минута во последно време: Ако има проблем, може да ме најде во канцеларијата

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Во месец септември се доби впечаток дека Арда Ѓулер ќе добие далеку поголема шанса во втората сезона во Реал Мадрид, но како што одминува времето, станува се појасно дека Турчинот повторно е во втор во ротацијата на Италијанецот.

Младиот талентиран фудбалер не одигра ниту една минута за Реал на последните пет меча, а посебно загрижува што не доби шанса ниту на натпреварот против Џирона на кој Карло извади комбиниран тим.

Последниот натпревар на Арда беше оној против Леганес во Купот, па во ситуација кога шпанските медиуми пишуваат за „нов случај Ѓулер“ во првиот тим на Реал, Карло Анчелоти денеска мораше да дава одговори на оваа тема.

– Сите играчи кои имаат проблем, или некаков сомнеж, може да ме најдат во канцеларијата. Јас секојдневно зборувам со Арда, со Ендрик, со сите млади играчи. За мене нема „случај Арда“ во Реал, барем не во нашата тренинг база. Станува збор за процес низ кој мораат да минат сите млади играчи, низ тоа минаа и Винисиус, Родриго и Валверде. Потребно е време за да се вклучи во најдобриот тим во светот. Конкуренцијата е е многу силна и цел свет мора да го знае тоа.

– Секој ден сум со нив и ги гледам шт прават. Јас гледам дека Арда е задоволен, тој работи, учи и сака да игра повеќе. Сепак, тоа е само дел од времето кое јас го минувам со него во текот на денот, не знам што се случува во останатиот дел. Не знам дали неговите најблиски го делат истото мислење како мене, но јас сметам дека треба да работи за да триумфира во Реал, – појаснува искусниот Италијанец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни