Анчелоти за Елмас: Тој е многу интересен играч, се надевам…

anceloti-de laurentis

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас денеска се збогуваше од тренинг кампот на Фенербахче што беше само потврда за тоа што следи-трансфер во калчолигашот Наполи.

Теренот за оваа трансфер зделка е подготвен и се очекува во најбрзо време нашиот дијамент да биде претставен на „Сан Паоло“. Него веќе го очекуваат во Неапол, па коментар за Елмас даде и предводникот на италијанскиот вицешампион, Карло Анчелоти.

-Многу сме блиску до трансферот на Елмас и се надевам се брзо ќе се заврши. Тој е многу интересен играч, се дефинираат детали и се надеваме дека ќе пристигне овде во Димаро пред да заминеме од Трентино, -истакнал Анчелоти.

Facebook Коментари