Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за една од ѕвездите на Реал: Би сакал, но нема да ја добие „Златната топка“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ја наполни мрежата на Алавес за да ги почести своите фанови за шампионската титула во Ла Лига, а тренерот Карло Анчелоти може да биде презадоволен од формата на екипата во пресрет на финалето на Лигата на шампионите.

„Кралскиот клуб“ е концентриран на соочувањето со Борусија на „Вембли“, а Анчелоти најавил дека на преостанатите две средби, на голманската позиција по еднаш ќе настапат Куртоа и Лунин.

Италијанецот зборувал и за Тони Крос, чија иднина во клубот е се уште нејасна.

– Во моментов никој не е загрижен за статусот на Крос, фокусирани сме на финалето на Лигата на шампионите. По тој натпревар, двете страни ќе разговараат за иднината.

– Дали Крос може да ја освои „Златната топка“? Би сакал да се случи такво нешто, но нема да се случи. Иако во теорија може да конкурира, ако евентуално ако победиме во ЛШ и ако тој го освои Европското првенство со Германија, па на тој начин да стигне до признанието, – рекол Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни