Шпанија
Анчелоти за ѕвездата на Реал која се пожали за позицијата: Фудбалот се дефинира со зборот алтруизам

Карло Анчелоти говореше за Серхио Рамос во својата најава за дерби пресметката меѓу Севилја и Реал Мадрид на „Рамон Санчес Писхуан“, но беше приморан да коментира и една изјава која доби големо внимание за време на репрезентативната пауза.
Родриго од кампот на Бразил истакна дека не е во посакуваната форма на стартот на сезоната поради тоа што во клубот не игра на природната позиција, или поточно нагласи дека на ужива да игра како „деветка“ во системот на Карло Анчелоти.
Бразилецот со оваа теза се обиде да даде објаснување за слабиот старт, но Италијанецот го потсети на некои други примери од минатото и му нагласи дека фудбалот е спорт во кој поединците се жртвуваат за благосостојба на тимот.
– Важно е да знаеме каде сака да игра еден фудбалер, јас никогаш не сум ставил некого на позиција на која не се гледа себеси. Сепак, поради одредени околности, некогаш треба да се жртвувате за тимот. Тоа го правеше Чуамени, тоа го правеше Камавинга кој играше на различни позиции, го правеше и самиот Родриго.
– Тој е комплетен напаѓач за мене, може да прави многу работи. За мене на прво место е функционирањето на тимот, а потоа индивидуалните барања. Никој никогаш не ми кажал дека не сака да игра на позиција на која сум го ставил. Еднаш го ставив Рамос како деструктивец во средниот ред. Не му се допаѓаше тоа, но мораше да го направи за доброто на тимот. Има еден збор кој добро ја дефинираа оваа состојба, тоа е зборот алтруизам, – изјави Анчелоти.
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!