Шпанија
Анчелоти за двете ѕвезди на Реал: Ништо не се случува со нив, јас секогаш ги бирам најдобрите играчи

Реал Мадрид по освоениот Супер Куп во Саудиска Арабија се подготвува за нов предизвик и тоа против Елче во Купот на Шпанија.
Тој е меч кој се игра утре во вечершниот термин од 19 часот, меч во кој можеби шанса за настап да добијат двете подзаборавени ѕвезди Еден Азар и Герет Бејл. Двајцата не се во прв, па дури и во втор план кај тренерот Карло Анчелоти, пропуштија доста натпревари во текот на оваа сезона поради различни причини, но според италијанскиот стратег нема плус причина, конфликт зошто тие не добиваат доволен број на минути на теренот.
-Ништо не се случи [со Азар]. Единственото нешто е што има конкуренција во тимот и морам да ги изберам најдобрите [играчи] на секој натпревар. Ова влијае на многу играчи, не можам да негирам. Ништо не се случи, [Азар] тренира и го чека повикот на тренерот. Мислам дека ќе биде подготвен кога ќе игра.
-Во моментов тој се уште е играч на Реал Мадрид. Тренира и е фокусиран. Немаме за што друго да размислуваме. Ништо чудно не се случи [со Бејл и Азар], само што има конкуренција и тренерот (јас) треба да го избере најдобриот [состав] за секој натпревар.
-Се трудам да бидам фер и да го изберам најдоброто. Понекогаш си многу добар и не играш. Зборувам и за Начо Фернандез, Марсело, Дани Себалјос, Иско, Јовиќ…, -истакна Анчелоти кој утре нема да смета на првиот голман Тибо Куртоа.
-
Шпанијапред 15 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Италијапред 23 часа
Неутешниот Дибала не можеше да ги сокрие солзите на последниот натпревар како член на Јувентус во Торино (Видео)
-
Францијапред 14 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 15 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 24 часа
Фудбалерот кој се поврзува со Манчестер Јунајтед му се понуди на Тен Хаг: Тука сум ако ти затребам
-
Англијапред 8 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Светски првенствапред 4 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја