Шпанија
Анчелоти за богатата понуда за ѕвездата на Реал од Саудиска Арабија: Имам директна информација од играчот…

Реал Мадрид утре има гостување кај Валјадолид, меч во кој влегува како фаворит и во кој единствена цел ќе му биде да победи и да остане на врвот во Примера.
Меѓутоа освен за мечот тренерот Карло Анчелоти доби прашања и за други теми, а една од нив е иднината на еден од клучните играчи, Винисиус Жуниор за кого според информациите се подготува луда понуда од Саудиска Арабија, понуда од која огромна заработка ќе има самиот играч, но и клубот.
Италијанецот како да знаеше дека ќе добие вакво прашање, па во свој стил порача:
-Она што го знам и имам директна информација од играчот е дека тој е многу среќен овде. И дека тука сака да испише историја. Во тоа, сите заедно сме на истиот пат. Мислам дека заборавија дека со него веќе освоивме две ЛШ. Тоа е она што јас го мислам. Тој е неприкосновен играч, без сомнеж, -рече Анчелоти кој запрашан дали Бразилецот би ја разгледал понудата, тој одговори:
-Треба да го прашате. Можам да ви кажам што гледам: среќен играч, кој пишува историја и кој сака да продолжи, -заврши стратегот.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)