Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти во Реал носи познат голман кој ќе му биде резерва на Куртоа

Објавено

на

Од таборот на Реал Мадрид во моментов работат на неколку трансфери кои треба да го „раздрмаат“ фудбалскиот пазар.

Јасно е дека целиот свет е во исчекување на доаѓањето на Килијан Мбапе, кое е се поизвесно и кое се очекува да се случи во следниот период.

Освен Мбапе, сигурно е и доаѓањето на Антонио Ридигер кој веќе се договорил со „кралевите“ и како слободен агент ќе пристигне во Мадрид.

Реал Мадрид ќе мора да купува и резервен голман затоа што како што пишува „Марка“ вториот чувар на мрежата, Андреј Лунин се одлучил да си оди од клубот во потрага по поголема минутажа.

Истиот медиум пренесува дека Реал Мадрид би можел да го ангажира голманот на Наполи, Давиде Оспина кој би бил резервна опција за првиот избор меѓу стативите, Тибо Куртоа.

И Оспина останува без договор, па по крајот на оваа сезона ќе може да ја промени средината, а од Реал Мадрид се надеваат дека ќе го убедат играчот да потпише за нивниот клуб и покрај тоа што ќе му понудат улога на резервист.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни