Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Вистински кошмар е да се подготви натпревар против Гвардиола!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Слабиот пласман на Манчестер Сити во првата фаза во Лигата на шампионите ни донесе едно големо европско дерби уште во баражот за пласман во осминафиналето, бидејќи англискиот првак отиде на мегдан на големиот Реал Мадрид.

Најуспешниот тим во Европа одновно ќе ги одмери силите со „граѓаните“, пресметка која едноставно навикнавме да ја гледаме во последните неколку години во Лигата на шампионите, што автоматски прави да нема преголеми тајни кога се двата тима во прашање.

Карло Анчелоти во неколку наврати порача дека сака да го избегне Сити во првата фаза, но откако желбата не му се исполни, Италијанецот се соочува со реалноста и го подготвува тимот за двомечот што следи.

– Гвардиола е тренер кој му донесе многу работи на фудбалот. Посед на топка, напаѓачки фудбал, пресинг и изнесување на топката од голманот. Тој е фудбалски иноватор и навистина многу го почитувам.

– Тој е еден од најдобрите во светот, ако не е и најдобар тренер во светот. Вистински кошмар е да се подготви натпревар за неговиот тим, секогаш има нови идеи кои ве тераат да мислите за време на натпреварот.

– Натпреварите со Сити станаа фудбалски класик во Европа. Веќе неколку години се сретнуваме во ова натпреварување, многу е тешко да се предвиди што ќе се случи. На крајот, се ќе зависи од посветеноста, од квалитетот на играчите во даден момент, но и од самодовербата. Ова се натпревари кои го бараат најдоброто од секој играч, – порача Анчелоти пред денешната прва пресметка на „Итихад“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни