Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Поради проблемите со повредени играчи кои се акумулираа во последно време, Карло Анчелоти мораше да прави и одредени претумбации во својата стартна постава, во која сега Феде Валверде игра далеку подефанзивно од вообичаеното.

Таквиот пристап го оневозможува Уругваецот да биде опасен кон противничкиот гол како и обично, но Карло Анчелоти не гледа проблем и заклучи дека Феде ужива во новата позиција која ја добил на теренот.

Валверде игра на местото на Камавинга и Чуамени во средниот ред и без проблеми ги прифати дефанзивните предизвици кои ги добива, а Италијанецот не штедеше комплименти за добрата адаптација на играчот за врска.

– Валверде игра на нова позиција со нас и мислам дека ужива во тоа. Таква улога во средниот ред добива и во Уругвај и тоа таму го прави многу добро.

– Кај нас обично игра поофанзивно, но тешко е да се каже која е неговата идеална позиција на теренот. Кога игра поповлечено како сега, има потешкотии да дојде во гол ситуација, но и покрај тоа можеше да постигне погодок. Без разлика на која позиција игра на теренот, тој секогаш е многу важен за тимот, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни