Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Утре ќе му поставам едно прашање на Гвардиола пред натпреварот

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Пеп Гвардиола направи своја најава за реваншот со Реал Мадрид уште од Англија и посочи дека Манчестер Сити има само 1 процент шанси за пласман во осминафиналето, не само поради силата со која располага Реал Мадрид, туку и поради традицијата која вели дека „кралевите“ се речиси несопирливи на „Сантијаго Бернабеу“.

Сити загуби на домашен терен со 2:3 и ќе мора да брка пресврт против актуелниот европски и светски шампион, но малите очекувања на Пеп очекувано привлекоа големо внимание меѓу новинарите, кои денеска побараа став од Карло Анчелоти на оваа тема.

Италијанецот не верува во зборовите на шпанскиот стручњак и сигурен е дека тој нема лесно да го положи оружјето во Мадрид, па најави дека планира искрено да му го постави ова прашање пред почетокот на утрешниот меч во Лигата на шампиони.

– Вистината е дека тој не го мисли тоа. Утре ќе му поставам едно прашање пред натпреварот, ќе го прашам дали навистина го мисли тоа.

– Тој сигурно мисли дека има повеќе од 1 процент шанси за победа, а ние не мислиме дека имаме 99 проценти шанси за пласман во следната фаза. Имаме мала предност, сакаме да ја искористиме и да се подготвиме на ист начин како за првиот меч. Се надевам дека се ќе излезе добро за нас, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни