Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти уловен како нервозно вика по Винисиус и Белингам: Не играјте со пета (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти секогаш е максимално искрен и транспарентен во разговорите со новинарите, па така по победата над Барселона во Ријад им призна на претставниците на седмата сила каква порака имал за Винисиус Жуниор.

Дон Карло е голем и во победите и во поразите и секогаш со максимален респект говори за ривалот, а покрај тоа што даде комплименти за својот колега Чави Ернандес, за издвојување беше неговата изјава за Винисиус и Белингам.

– Што му кажав на Винисиус по мечот? Му кажав добри работи, но и дека не ми се допадна играњето со пета. Правеа такви работи и тој и Белингам и знаете дека тоа не ми се допаѓа. Не сакам да играат со пета, нема потреба од такво нешто, – изјави Анчелоти.

Еден ден подоцна, телевизијата „Мовистар плус“ го сподели и моментот кога Дон Карло имал забелешки за своите ѕвезди за време на мечот, јасно барајќи од нив да не подаваат со пета.

Таквите потези често знаат да бидат различно толкувани од ривалите и да бидат оценети како провокативни, па јасно е дека Анчелоти не сака да гледа такви работи од играчтие во својот тим.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни