Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти убеден дека Реал бил оштетен во завршницата: Не досудија чист пенал над Винисиус (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор не беше стартер на натпреварот против Рајо Валјекано, но Бразилецот многу брзо стана доста забележителен на теренот откако доби шанса во вториот дел.

Ѕвездата на Реал експресно се запиша во судискиот бележник на Мартинез поради протест, меѓутоа беше дел и од најспорната акција во завршницата од малото градско дерби.

При резултат 3:3, Винисиус доби удар во нога од Мумин при еден некарактеристичен дуел во шеснаесетникот, па иако имаше елементи за најстрога казна, судијата Мартинез сметаше дека тоа не е доволно за пенал.

Корекција не пристигна ниту од судиите во ВАР собата, па на сила остана одлуката која беше донесена на теренот и Реал остана без стопроцентна шанса за победа.

Натпреварот кој заврши 3:3 донесе измешани емоции кај Карло Анчелоти, кој во обраќањето пред новинарите не пропуштил да нагласи дека не бил досуден чист пенал за Винисиус.

– Пеналот кој не беше досуден над Винисиус беше чист пенал. Не играше од стартот поради тоа што играше 90 минути во Бергамо, но кога влезе во игра, имаше добар натпревар.

– Ова реми не ме прави нервозен. Бев лут по реми пресметките со Мајорка и Лас Палмас. Овојпат покажавме карактер, го имаше истиот пристап од лани. Се врати најдобриот Родриго, ни се врати Камавинга, набрзо ќе се врати и Алаба. Гледам многу добри нешта за нас во 2025-та година, – изјави Анчелоти.

Видеото од моментот со Винисиус погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни