Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Три екипи влегуваат со подеднакви шанси за титулата

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти денеска одржал прес-конференција, најавувајќи го утрешниот дуел со Валенсија во Ла Лига.

Одложениот натпревар беше поместен за почетокот на 2025 година, а за Реал гостувањето на „Месталја“ е можност да обезбеди три важни бода во трката за титулата.

Слабата серија на Барселона ја истопи предноста на Каталонците, а во триото кандидати за титулата се вклучи Атлетико Мадрид.

– Никој не очекуваше дека сезонава ќе бидат потребни помалку бодови за титулата, но нивото на конкурентност во Ла Лига е повисоко.

– Фактот што и Атлетико Мадрид е тука ја зголемува неизвесноста, но ќе бидат потребни помалку од 90 бодови за да се стане шампион.

– Сите три екипи имаат подеднакви шанси во моментов, она што ни се случи нам во ноември, на Барселона и се случи во декември. Имате пад, па се враќате на нивото, токму затоа и Барса и Атлетико ќе бидат ривали за титулата до крај на сезоната, – рекол Анчелоти.

Во моментов, Атлетико е лидер со еден бод повеќе од Реал, додека Барса заостанува два бода зад тимот на Анчелоти, а има и натпревар повеќе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни