Шпанија
Анчелоти: Тој е клучен играч за нас, такви има многу малку на пазарот!
Реал Мадрид го очекува дуел со Рајо Валјекано, меч на кој „кралевите“ имаат една и единствена цел да ги освојат трите бода на „Валјекас“.
Тренерот Карло Анчелоти сигурно ќе извади тим кој ќе има задача да одговори на предизвикот, а останува да видиме дали третпат во низа во срцето на одбранта ќе видиме Антонио Ридигер и Орелијан Чуамени.
На двата меча против Џирона и Аталанта, „кралевите“ остварија победи, но имаше одредени коментари, реакции зошто на стоперската позиција не игра Раул Асенсио наместо Чуамени, ас кој пак дефинитивно посакува да игра на средината на теренот.
-Првото нешто е да му се заблагодариме за неговата посветеност, неговиот алтруизам. Да се игра таму без да се жали и да се искористи најдоброто од тоа. Против Аталанта и Џирона се снајде многу добро и не случајно ги добивме тие два натпревари со него. Имајќи предвид дека тоа не е негова позиција, туку тоа го прави за тимот, -истакна Анчелоти.
Во еден дел од кампањата имаше доста критики за играта на Чуамени, па дел од медиумите посочија дека управата го загубила трпението со него и дека е подготвена да се откаже од него, нешто што според дон Карло би било грешка.
-Тој е клучен играч за врска за нас, такви има многу малку на пазарот, но ние сме во итен случај, -истакна Италијанецот.
-
Италија11 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Италија22 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП21 час
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Англија20 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Англија21 час
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија24 часа
Малерозниот Жезус доби најлоши можни вести од лекарскиот тим на Арсенал (Фото)
-
Шпанија23 часа
Лапорта призна дека директорите се соочуваат со проблеми во „случајот Араухо“
-
Светски првенства8 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП