Поврзете се со нас

Италија

Анчелоти сведочел во судскиот процес во кој се тужат Алан и Наполи

Објавено

на

Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сведочел во судскиот процес инициран од неговиот поранешен фудбалер Алан, пренесуваат италијанските медиуми.

Алан го тужи Наполи поради одлуката на клубот да го казни со одземање на неколку плати поради предводење на своите соиграчи во бојкот на карантинот одреден од раководството, но и упатени навреди на сметка на Едо, синот на Аурелио Де Лаурентис.

Анчелоти е сведок избран од адвокатите на Алан поради фактот што во тие моменти тој беше тренер на Наполи, а сведочел преку видео комуникација.

Италијанскиот тренер ја потврдил верзијата на Алан, според која тој воопшто не требало да оди во карантин затоа што во тие моменти бил повреден, а Карло изјавил и дека не слушнал навреди од Алан на сметка на Де Лаурентис, кој е дел од раководството.

Сведоците на одбраната го тврдат спротивното, па останува да се види како ќе заврши судскиот процес, во кој Алан се обидува да си ги наплати парите гарантирани со договорот.

Бразилецот во моментов е член на Евертон, каде го доведе токму Анчелоти, пред искусниот стручњак да се врати во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни