Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти со „воспитна“ до своите ѕвезди: Има два типа на фудбалери, не може да бидете во средина!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид остави навистина лошо лице на „Бенито Вилјамарин“ и заслужено загуби од Бетис во шпанската Ла Лига, пораз кој направи тимот на Карло Анчелоти да падне на третото место на табелата.

Овој шок пристигна во саботата и јасно е дека „кралевите“ немаат премногу време за опоравување, бидејќи веќе утре ги чека големото дерби со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

Двомечот стартува со меч на „Сантијаго Бернабеу“ на кој Реал ќе се обиде да стекне предност, а во увертирата за премиерниот натпревар, Карло реши да им испорача една „воспитна“ на своите ѕвезди од кои не остана импресиониран пред два дена.

– За да ги разјасниме малку работите околу залагањето на фудбалерите, ќе го кажам следното…. За мене постојат два типа на фудбалери, оние кои трчаат и оние кои прават разлика на теренот, ако некој сака да биде на средина, тогаш не може да игра. Или трчаш за тимот, или правиш разлика на теренот, не може да биде измеѓу……, – порача Анчелоти.

– Имаме добри спомени од натпреварот на „Бернабеу“ против Манчестер Сити. Тоа беше специјална ноќ и сакаме да одиграме натпревар на тоа ниво. Ни недостасуваше карактер на натпреварот против Бетис и се надевам дека тоа беше само изолиран случај. Дерби пресметките секогаш се специјални, секогаш има одредена тензија пред натпреварот. Очекувам изедначен натпревар, знаеме што можеме да очекуваме од ривалот. На последното дерби одигравме многу лошо прво полувреме, а потоа многу добро второ полувреме. Целта е утре да одиграме цел натпревар како во вториот дел, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни