Шпанија
Анчелоти со три новитети за повредени играчи пред клучниот меч со Аталанта
Реал Мадрид ја победи Џирона со 0:3 и им се врати на победите во Ла Лига, но следниот меч на „кралевите“ во Лигата на шампионите според многумина е клучен за нивната судбина во Европа оваа сезона.
Европскиот шампион се стави во ситуација да мора да победува во Бергамо по секоја цена, а најавата за ова дерби не беше целосно добра поради двете повреди на кои се пожалија двајца играчи на „Монтиливи“.
Џуд Белингам и Ферлан Менди предвреме го завршија мечот, но бидејќи во увертита за натпреварот отпадна и Родриго, Карло Анчелоти мораше да дава новости за сите тројца споменати.
– Со Белингам не сакавме да ризикуваме, се работи само за удар. Џуд ќе биде достапен за натпреварот против Аталанта. За разлика од него, Менди заработи мускулна повреда и нема да патува во Италија.
– Што се однесува до Родриго, тој не се чувствуваше добро пред гостувањето кај Џирона и решивме да го поштедиме. Го оставивме да работи во Валдебебас, но тој ќе биде достапен за Аталанта исто како и Џуд, – изјави Анчелоти.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот