Шпанија
Анчелоти со порака до стартерот на Реал кога го извади од игра: Му реков да не игра со пета, тоа не ми се допаѓа

Карло Анчелоти имаше многу причини за задоволство по вчерашниот натпревар кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи неговиот тим одигра еден од најкомплетните дуели од стартот на сезоната во ситуација кога недостасуваа неколку стандардни стартери Кепа, Ридигер, Чуамени и Белингем.
Реал Мадрид ја надигра Валенсија во дерби пресметката и победи со 5:1, а еден од оние кои профитираа поради низата повреди беше Брахим Дијаз. Поранешниот играч на Милан стартуваше на втор меч во низа и остави навистина добар впечаток, но сепак доби и една забелешка од Карло Анчелоти.
Италијанецот имаше позитивно издание за целиот тим и не сакаше премногу да навлегува во индивидуални пофалби поради извонредните партии на Камавинга, Винисиус и Родриго, но затоа откри дека имал јасна порака за Брахим кога го извадил од игра.
Тренерот на Реал му дошепна нешто на својот фудбалер кога го повлече во 71-та минута, а потоа на новинарите им откри за што станувало збор.
– Винисиус сакаше да игра уште и да даде уште еден гол, додека на Брахим му кажав да не игра со пети, таков стил на игра не ми се допаѓа, – откри Анчелоти.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 19 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата