Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со отворена врата за Крос: Веќе му кажав…

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос одлучи да се повлече од активното играње фудбал, па последниот негов турнир во кариерата треба да биде Европското првенство кое ќе се одржи во неговата татковина.

Тој ќе има можност пред своите сонародници да стави крај на успешната приказна, а идеално сценарио би било да се освои титулата што дефинитивно нема да биде лесна мисија.

Одлуката за заминување во пензијата дефинитивно не беше лесна и се уште истата тешко се прикаќа во Реал Мадрид, потврда за тоа е новата изјава на тренерот Карло Анчелоти кој порача дека вратата е отворена за играчот за врска.

-Лука е единствен пример за квалитет и професионализам. За жал, Крос реши да престане, тој е Германец во одлуките, но ќе продолжи да живее во Мадрид. Веќе му кажав ако се предомисли, можеби во следните месеци, само еден телефонски повик и почнуваме одново, -вели Анчелоти за „Ил Џорнале“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни