Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со осврт на 2024. година: Знам дека не можам да барам една работа од Дедо Мраз

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид ја израмни најдобрата година во своето клупско постоење и освои пет титули во оваа календарска година, бидејќи низата започна со освоениот шпански Суперкуп на стартот на јануари, а заврши со титула на Интерконтиненталниот Куп во Катар.

Во меѓувреме, тимот на Карло Анчелоти ги освои и трофеите во Лигата на шампионите, Ла Лига и европскиот Суперкуп, па така Италијанецот стана најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид.

Со петте придодадени трофеи во изминатите 12 месеци, Карло изби прв на вечната листа со 15 титули, а пред божиќните и новогодишните празници, направи мал осврт на се она што го достигна со своите фудбалери.

– Ова беше фантастична и незаборавна година за нас. Не знам дали ќе биде неповторлива, јас сметам дека се може да се повтори ако сме способни да го вадиме најдоброто од себе и да се подобруваме.

– Освоената титула во Лигата на шампионите секогаш е најсреќниот момент. Не загубивме на многу натпревари оваа година, а најверојатно најтажен момент беше поразот од Барселона на домашен терен. Знам дека од Дедо Мраз не можам да барам една работа. Не можам да барам да не бидам критикуван во 2025-та година, но јас и на критиките гледам како еден вид на подарок, – потенцира Анчелоти пред последниот натпревар во годината, оној против Севилја на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни