Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со оригинален коментар за играта на Аталанта: Се чувствував како да бев на стоматолог

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Аталанта сериозно го намачи Реал Мадрид во првото полувреме и во добарр дел од овој период изгледаше како подобар тим, а ја имаше и најрзрелата шанса за отворање на резултатот на стартот на второто полувреме.

Тибо Куртоа со спектакуларна интервенција спречи гол на италијанскиот тим, по што следеше будење на „кралевите“ и да брзи гола со кои се реши финалето во Варшава.

„Ла Деа“ речиси еден час му парираше на тимот исполнет со голем број ѕвезди со кои располага Карло Анчелоти, но искусниот Италијанец бил свесен дека нема да му биде воопшто лесно против еден од најнезгодните тимови во Европа.

– Играњето против Аталанта е како да одите на стоматолог. Навистина се чувствував така, не е пријатно да е игра против нив. Не бевме комотни во првиот дел и не можевме да го правиме тоа што сакавме. Тие се многу организирани како тим, но успеавме да се справиме со нив во вториот дел.

– Мбапе? Тој има способност да постигне многу голови, но најважно ќе биде да го пронајдеме поторебниот баланс и потребната организација во играта. Играчите пристигнаа во добра форма и имаме добра база за новата сезона, – изјави Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни