Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти во последно време е принуден да прави доста промени во стартниот тим поради повреди на клучни фудбалери, а еден од оние кои речиси никогаш не изостануваат од почетните 11 е Тони Крос.

Германецот се мислеше да ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона и во последен момент стави потпис на нов договор, но ако се суди според актуелните изданија, тој има барем уште неколку сезони на највисоко ниво.

Тони Крос и натаму е вистински „мотор“ во тимот на Карло Анчелоти и едностсавно брилијира со контролата и смиреноста во средниот ред, па откако запиша асистенција против Гранада, доби неверојатни пофалби од својот тренер.

– Тони Крос е играч кој речиси никогаш не греши пас, тоа е првиот негов квалитет. Секогаш ја бира најдобрата опција на теренот. Ја сака топката, не се плаши од притисок и секогаш е добро ориентиран.

– Најголем квалитет е неговата ориентација, неговата контрола е извонредна и секогаш се наоѓа на вистинското место на теренот. Тој е незаменлив за Реал и кога не игра на теренот, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни