Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со комплименти за двајца играчи: Тие ни ја донесоа победата

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Составот на Реал Мадрид ќе игра за трофејот во Супер Купот на Шпанија и тоа откако во полуфиналето успеа да ја добие битката со градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Реал губеше со 1-0 и 3-2 на дуелот во Ријад, ама во ниту еден момент не се откажа, пронајде решение и прво го однесе натпреваро во продолженија за да таму офанзивците Хоселу Мато и Брахим Дијаз постигнат голови за славје од 5-3.

-Хоселу и Брахим ни ja донесоа победата. Ова е добро за нас. Сите играчи се мотивирани, -рече тренерот Карло Анчелоти.

-Сега имаме 4 дена да закрепнеме. Напорот беше огромен. Овој натпревар беше спектакуларно шоу. Победивме затоа што имавме повеќе енергија на крајот, -заклучи Италијанецот.

„Кралевите“ во финалето ќе играат со подобриот од Барселона-Осасуна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни