Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со коментар за тоа што му се случи на Куман по „Ел Класико“: Недостиг на почитување

Објавено

на

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти застана во одбрана на својот колега од Барселона, Роналд Куман кој беше нападнат од навивачите на Барселона по поразот во „Ел Класико“.

Навивачите на „каталонците“ го дочекаа Куман пред „Камп Ноу“ и се нафрлија врз неговото возило во кое седеше и неговата сопруга.

По ваквиот инцидент, со коментар се јави и самиот Роналд Куман, кој пак доби поддршка од Карло Анчелоти.

– Разочаран сум поради тоа што му се случи на Куман. Навивачите покажаа недостиг на почит кон него како личност. Тоа е социјален проблем, не само фудбалски. Куман не е тренер, туку личност која ја работи таа работа, -изјави Анчелоти.

Инаку, Барселона има многу лош почеток на сезоната, па јасен е гневот кај фановите на шпанскиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни