Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со коментар за блесокот на Асенсио против Мајорка

Објавено

на

Реал Мадрид одигра на високо ниво и славеше убедливо во дуелот со Мајорка, а ѕвезда на вечерта беше Марко Асенсио, кој го постигна првиот хет-трик во својата клупска кариера.

Иако досега не добиваше голема минутажа, шпанскиот репрезентативец ја искористи шансата дадена од Карло Анчелоти и покажа дека има што да понуди сезонава во дресот на Реал.

– Фудбалерите кои досега не играа многу беа одлично подготвени и тоа е добар знак за екипата.

– Асенсио покажа дека одлично се снаоѓа во просторот меѓу линиите, тоа е позиција од која може сериозно да му наштети на секој противник.

– Поседува потребен квалитет, има одличен удар и комбинира одлично со напаѓачите. Мислам дека ова е неговата идеална позиција, – изјавил Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни