Шпанија
Анчелоти со интересен предлог: Потребно е ново правило за доброто на фудбалот

Реал Мадрид се спаси од сензационален пораз од Елче и успеа да се врати и да израмни на 2:2 во судиското надополнување, бод кој изгледа навистина добро ако се земе во предвид дека „кралевите“ губеа со 0:2 до 82-та минута.
Погодоците на Модриќ и Милитао му обезбедија бод на Карло Анчелоти во натпреварот кој можеше да има и поинаков тек, бидејќи Карим Бензема не реализираше пенал при резултат 0:0, а потоа се повреди и ги загрижи фановите на Реал.
Добра вест е што ќе следи пауза во наредните две седмици, па медицинските лица на Реал Мадрид ќе имаа повеќе време да ја санираат повредата и да го подготват Французинот за дуелите со ПСЖ во Лигата на шампионите.
– Ќе мора да се направат тестови и да се утврди за што точно се работи. Не е истото од Сан Себастијан и мечот со Реал Сосиедад. Се надевам дека ќе ни се врати брзо, – изјави Анчелоти, кој одново не беше задоволен од судиското продолжение кое го одреди главниот арбитар.
– Судиското продолжение е лично убедување на секој арбитар, а тоа во случајот го одредува четвртиот судија. Тој ја одредува ефективната игра и не можам многу да додадам. Сметам дека треба да се воведе правило за точно сметање на ефективната игра и така да се одредува продолжението. Верувам дека тоа би било добро за фудбалот, сите сакаме да гледаме повеќе фудбал, а помалку прекини, – заврши Анчелоти.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 9 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 19 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 17 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!