Лига на шампиони
Анчелоти со голем плус во одбраната, Гвардиола почнува без Халанд (Фото)

Карло Анчелоти активираше два новитети за реваншот со Манчестер Сити во Лигата на шампиони, бидејќи најпрво доби голем плус во одбраната, но реши и да го засили средниот ред со Чуамени.
Французинот е поместен во стартниот тим и ќе игра како играч за врска, додека неговото место во одбраната го зазема Ридигер кој е повратник во почетните 11 откако не играше поради повреда.
Останатите 9 фудбалери се очекувани во почетниот тим на Анчелоти, кој им даде уште верба на Куртоа, Валверде, Асенсио, Менди, Себалјос, Белингам, Винисиус, Родриго и Мбапе.
Промени направи и Пеп Гвардиола, кој вечерва на „Бернабеу“ ќе стартува со Хусанов кој доби дозвола за настап, а во одбраната ќе бидат и Стоунс, Дијаш и Гвардиол.
Голман очекувано е Едерсон, но најголемото изненадување доаѓа во нападот. Поради повреда на коленото, Ерлинг Халанд не е во стартниот тим, а неговото место во нападот го пополнува Мармуш. Останати играчи во средниот ред и офанзивата се Нико, Гундоган, Силва, Фоден и Савињо.
¡Ya tenemos el once inicial que saltará al campo en este #RealMadridCity! 1⃣1⃣#RealMadrid & #ManchesterCity confirman sus alineaciones para estos dieciseisavos de la #UCL ✅
#UCL #ChampionsLeague pic.twitter.com/retn0oA2aE
— VERSUS (@VERSUSapuestas) February 19, 2025
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства6 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)