Шпанија
Анчелоти со еден збор ја опиша неверојатната драма на „Месталја“
Новинарите од Мадрид зборуваа за фудбалски скандал по крајот на супер возбудливото дерби меѓу Валенсија и Реал Мадрид кое се одигра на „Месталја“, бидејќи една секунда пред да биде постигнат гол за 2:3, судијата Хил Мансано означи крај на натпреварот.
Со тоа, погодокот кој го постигна Џуд Белингам не беше важечки и Реал остана без пресврт и победа на тешкото гостување, ситуација која предизвика и огромна мешаница на теренот која резултираше со црвен картон за стрелецот на голот.
За разлика од новинарите, Карло Анчелоти се обиде да остане прибран и по натпреварот не го употреби зборот скандал, туку едноставно целата драма на „Месталја“ ја опиша со зборот „преседан“.
– Нема што многу да се каже, ова е невидено. После избиената топка, поседот остана кај нас и акцијата требаше да заврши ако топката дојде кај играч на Валенсија. Никогаш не ми се случило вакво нешто, нема што повеќе да се додаде.
– Дали ова е скандал? Ова е преседан, ќе го искористам овој збор за да ја опишам ситуацијата. Никогаш не ми се случило во кариерата, ова е преседан, – заврши Анчелоти.
-
Лига на шампиони20 часа
Сколс импресиониран од еден играч на Јувентус: Кој по ѓаволите е овој? (ФОТО)
-
Англија20 часа
Браун: Погба по третпат во Јунајтед? Тоа сценарио…
-
Лига на шампиони24 часа
Леао: Го загубивме фокусот, но заслуживме да победиме
-
Репрезентација22 часа
ИХФ за македонската репрезентација: Во потрага по инспирација во Хрватска
-
Италија22 часа
Фонсека директен: Имам чист образ, ако треба…
-
Шпанија22 часа
Деко со директна порака ги реши сите дилеми околу иднината на Олмо
-
Шпанија9 часа
Меси го избра својот наследник од новите фудбалски ѕвезди: Тој е сегашност и иднина на фудбалот (Видео)
-
Македонија20 часа
Работнички се засили со поранешен младински репрезентативец на Македонија