Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со џентлменски одговор на прашањето што мисли за лошиот старт на Барселона: Не уживам..

Објавено

на

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше запрашан да даде свој коментар за лошиот старт на најголемиот ривал, Барселона, која никако не може да фати победнички ритам во новата сезона од Ла Лига.

За разлика од „каталонскиот клуб“, Реал Мадрид игра сосема солидно под водство на искусниот стратег и се наоѓа на врвот на табелата во Примера со дури седум бодови предност пред Барселона.

Анчелоти на прашањето на новинарот даде џентлменски одговор посочувајќи дека не се радува на пеховите на неговите најголеми конуренти.

– Не се радувам ако на некој клуб му оди лошо. Фокусиран сум исклучиво на мојот тим. Ако работите не одат добро во некој тим, било тоа да е и Барселона, тоа не ме прави среќен, -изјави Карло Анчелоти.

Реал Мадрид денеска ќе се соочи со Вилјареал на домашен терне и ќе бара продолжување на низата без пораз во првенствените натпревари. „Кралевите“ засега немаат загубено на 24 последователни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни