Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти смисли сопствен избор за „Златната топка“ и ги наброја шесте најдобри играчи во Реал

Објавено

на

Карло Анчелоти денеска ја одработи прес-конференцијата во пресрет на заостанатиот натпревар со Атлетик Билбао и мораше да зборува за најактуелната тема во светската спортска јавност, односно церемонијата на која беше доделена „Златната топка“.

Седмото престижно признание кое го доби Лионел Меси отвори големи дебати и многумина сметаат дека Аргентинецот не ја заслужи „Златната топка“, а Карло како тренер на Реал Мадрид, во својот потесен избор наброја само играчи од својот тим.

– Јас имам еден проблем, а тоа е што не можам да дадам глас за играч кој не е од Реал Мадрид. Ако ми дадеа дозвола да гласам, ќе гласав прво за Бензема, после за Винисиус, трето за Куртоа, четврт Касемиро, петти Крос, шести Камавинга и така натаму.

– Сепак, мора да се почитува секоја одлука, бидејќи Меси е еден од најдобрите. Но, ако се прашував јас и ми требаше да имам еден глас, ќе го дадев истиот за Бензема, – изјави Анчелоти.

Инаку, Карим Бензема го освои четвртото место во конечниот поредок, завршувајќи зад Меси, Левандовски и Жоржињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни