Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти смета дека резултатот не е реален: Да не се залажуваме….

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти ја доби тактичката битка со Чави Ернандес и неговиот Реал Мадрид ја освои титулата во шпанскиот Суперкуп, натпреварување во кое „кралевите“ доживеаја непријатен пораз токму од Барселона пред една година.

„Кралевите“ вечерва режираа слатка одмазда и остварија убедлива победа од 4:1, па во моменти кога сите го возвишуваат Дон Карло во облаци, тој е свесен дека многу брзо може да падне на земја.

– Треба да го искористиме овој момент и да продолжиме вака до крајот на сезоната. Мора да продолжиме да работиме, да уживаме во моментот и во атмосферата која ја создадовмен. Се функционира многу добро, во моментов сум како во облаци, но знам дека брзо можам да паднам на земја со неколку лоши резултати. Знам дека вие новинарите ќе ме разбудите ако се случи такво нешто, – изјави Анчелоти, кој исто така смета дека конечните 4:1 не се реален приказ за тоа што се случувало на теренот во Ријад.

– Можно е резутлатот да звучи малку звучно и „пренапумпано“. Реалнсота е дека мечот беше отворен се до четвртиот гол кој го дадовме. Барселона се обидуваше и ја контролираше играта, но после четвртиот гол веќе се беше готово.

– Резултатот е превисок за тоа како одигра Барселона, но не смееме да се залажуваме дека ова беше лесен меч за нас. Не беше воопшто лесно, искористивме од добриот старт и двата гола на Винисиус, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни