Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Симеоне е фантастичен, го донесе Атлетико…

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Денеска се играат четири натпревари од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, а дербито е во Мадрид каде Реал ќе „удри“ на градскиот ривал и воедно голем противник од шпанскиот шампионат Атлетико.

Ова се два тима кои добро се познаваа, веќе двапати се соочија сезонава и ремизираа играјќи 1-1, па едноставно се знае што може да се очекува, односно нема да има некои изненадувања.

Домашниот стратег, Карло Анчелоти испрати комплименти на адреса на Диего Симеоне.

-Се сеќавам дека постигна гол за Лацио против Јувентус. Се бореа за титулата, Лацио победи и стана шампион. Мислам дека беше 2000 година. Имам голема почит кон него како тренер. Тој е одличен! Тој го донесе Атлетико до највисокото ниво во Европа. Ми се допаѓа начинот на кој ги чита натпреварите, го води тимот, а исто така и како неговиот тим изгледа дефанзивно поради неговата стратегија, -рече Анчелоти и додаде:

-Дербито е секогаш исто, тоа е посебен натпревар по емоции и притисок. Ќе биде тесно и изедначено, одлуката ќе дојде во реваншот. Наша цел е да одиграме добро, да создадеме предност, но не размислуваме колку ќе биде голема, -дополни Италијанецот.

Средбата е закажана за 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни