Шпанија
Анчелоти: Сега треба да ставиме шлаг на тортата за крај на 2024. година
Карло Анчелоти остана мирен по уште едно реми на Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, а како што порача самиот, причина за тоа е добрата игра која ја прикажал неговиот тим на „Валјекас“.
„Кралевите“ се враќаа од два гола негатива и направија пресврт за 2:3, но сепак Рајо брзо се врати преку Иси Паласон и голот за 3:3 се покажа како последен на ова мало дерби.
До крајот на мечот, Реал беше оштетен за недосуден пенал над Винисиус Жуниор, а иако Карло го посочи овој момент во официјалното обраќање, сепак побара од своите фудбалери да се насочат кон она што следи.
Реал во среда ќе го игра финалето на Интернационалниот Куп против Пачука, па тоа е нова прилика да се освои трофеј на крајот на 2024-та година.
– Не сум загрижен после вакво реми. Создадовме голем број шанси, не ни досудија чист пенал, не можам да барам повеќе од играчите од нападот. Иднината е добра за нас, ќе ни се вратат повредените играчи и ќе биде уште подобро. Сега треба да го освоиме Интернационалниот Куп. Тоа ќе биде наш шлаг на тортата на неверојатната 2024-та година, – изјави Анчелоти.
-
Светски првенства24 часа
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Свет13 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Репрезентација14 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија10 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Шпанија16 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Англија12 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Шпанија16 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Светски првенства5 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство