Шпанија
Анчелоти се збогуваше со еден првотимец на Реал: Фантастичен фудбалер, но можеше да направи повеќе

Животниот пат на еден фудбалер носи интересни приказни, па таква е и онаа на Иско Аларкон кој пристигна како огромна ѕвезда во Реал Мадрид, а си заминува како играч кој го загуби првотимскиот статус.
Иско дебитираше за првиот тим на Реал Мадрид на натпревар против Бетис во 2013-та година и запиша гол и асистенција во победата од 2:1, но судбината посака својот последен меч во белиот дрес одново да го одигра против тимот од Андалузија.
Офанзивниот фудбалер вчера се збогуваше од гледалиштето на „Сантијаго Бернабеу“ и за последен пат одигра домашен меч како играч на Реал, па така става крај на една незаборавна етапа во кариерата која траеше девет години.
– Зборував со Иско на оваа тема пред натпреварот. Тој дебитираше за реал против Бетис и постигна гол, а сега се збогува исто така против Бетис. Тој имаше фантастична кариера во Реал и беше клучен во многу успеси на тимот.
– Можеше да направи и повеќе од ова, тоа е вистина, но сепак сметам дека ќе се памети како клучен дел од шампионскиот тим. Играше многу важни натпревари, финалиња и квалитетот никогаш не недостасувал. Му посакувам се најдобро во иднина, – изјави Анчелоти.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 22 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 23 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 24 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 21 час
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон