Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти беше еден од членовите на Реал Мадрид кои остана шокирани од арбиражата на Хосе Луис Мунуера, а обично мирниот Италијанец дури доби и опомена уште во првото полувреме.

Тренерот на Реал Мадрид доби жолт картон поради тоа што протестираше за недосуден пенал, по што и иронично се смееше кога Осасуна доби пенал за 1:1 по една ВАР проверка.

Целиот натпревар донесе низа заплети за Реал и се чини дека Осасуна беше наградена при секоја спорна ситуација, па сето ова направи Анчелоти да смета дека главниот судија тенденциозно му дал предност на домашниот тим, за кого вели дека погрешно го толкувал и англискиот јазик на Џуд Белингам.

– Сакам да бидам на клупата на следниот меч и затоа не би должел. Имаше многу инциденти, нопри оној клучниот, судијата погреши. Не го сфати точно што кажа Белингам. Не ја разбра добро пораката на англиски јазик. Џуд кажа „не ме е.и“, а не „е.и се“. Тоа не беше директна навреда.

– Судијата направи грешка во преводот, а тоа што го кажа Џуд на шпански значи „не ме е.и“, не станува збор за ништо нападно. На последните наши три натпревари во Ла Лига се случија навистина чудни работи и сите го видоа тоа. Не би додал нешто повеќе, бидејќи имам желба да бидам дел од следниот натпревар, не сакам да добијам суспензија, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни