Шпанија
Анчелоти: Се случи нешто необјасниво, се загрози интегритетот на еден фудбалер

Карло Анчелоти се подготвува за Куп пресметката против Леганес во четвртфиналето кое утре ќе се игра на „Бутарке“, стадион на кој италијанскиот стручњак ќе мора да прави доста претумбации во стартниот тим, не само поради отсуството на дефанзивци, туку и поради ситните повреди на Килијан Мбапе и Џуд Белингам.
Проблемот на Давид Алаба кој беше пријавен ова попладне направи Италијанецот да остане само со Асенсио како стопер во овој момент, но Дон Карло најави дека на утрешниот меч поради мали проблеми нема да настапат и двете големи ѕвезди од нападот.
Тренерот на Реал смета дека неговиот тим е доволно добар да се справи и без нив двајца во офанзивата, но обраќањето пред новинарите го искористи за да се наврати на моментот од минатиот викенд, односно непокажаниот црвен картон на Карлос Ромеро за крвничкиот старт над Килијан Мбапе.
– Дали верувам во судиите? Се случи нешто што е необјасниво со зборови. Кога зборуваме за заштита на интегритетот на фудбалерите, треба да преземеме мерки за да го направиме тоа.
– Реал Мадрид како клуб побара објаснувања за оваа одлука и јас ја поддржувам реакцијата на клубот. Во дадената ситуација, не се направи ништо за да се заштити интегритетот на еден фудбалер, а во случајот тоа беше Мбапе, – изјави Анчелоти.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет23 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига22 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Англија21 час
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед