Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти се потсетил на моментот од минатата сезона: Помислив да го променам пеналџијата

Објавено

на

Карло Анчелоти нагласи дека киксот со Осасуна е само еден мал инцидент кој е нормален во фудбалот, особено по двенеделна пауза во која не можеше да има комплетни тренинзи со сите свои фудбалери од првиот тим.

По девет перфектни меча и исто толку победи, Реал за првпат киксираше во новата сезона и одигра 1:1 против Осасуна, меч на кој не брилјираше, но сепак можеше да го добие во самата завршница.

Карим Бензема не реализираше пенал и трет пат во низа утна удар од 11 метри во дуелот со голманот Ерера, па понесен од искуството од минатата сезона, Карло Анчелоти призна дека помислил на менување на изведувачот на најстрогата казна.

– Помислив да го променам пеналџијата, но Карим ги изведе извонредно двата најважни пенали минатата сезона. Тој е нашиот најдобар изведувач на пенали и затоа не повлеков потег. Ова не беше негов најдобар меч, што е и нормално после паузата која ја имаше.

– Ова е еде мал инцидент, не игравме најдобро, но и покрај тоа заслуживме да победиме. Тимот беше извонреден досега, имаше импресивна серија и сега ќе пробаме пак да имаме таква серија. Тажни сме за ремито, но брзо ќе реагираме, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни