Поврзете се со нас

Италија

Анчелоти: Сакам Милан да ја освои титулата, но се плашам дека Конте нема да дозволи да се исполни мојата желба

Објавено

на

Карло Анчелоти има обврски со премиерлигашот Евертон, но во исто време будно ги следи возбудувањата во Серија А каде лидер е Интер.

Искусниот стратег се надева дека во преостанатиот дел од шампионатот ќе дојде до промена и дека неговиот екс клуб Милан ќе се врати на врвот и ќе го освои Скудетото, ама во исто време е свесен дека „нероаѕурите“ предводени од Антонио Конте се во пол позиција за да се израдуваат на титулата.

-Се надевам дека Милан ќе ја освои титулата, иако ќе биде тешко. Интер се движи со големо темпо. Се плашам дека мојот пријател Конте нема да дозволи да ми се исполни желбата, -истакна Анчелоти кој ги прати сите негови поранешни играчи кои сега се тренери.

-Ги следам сите играчи што ги имав. Се разбира тие го немаат искуството што го имам јас, но ова е во нивна корист, бидејќи тоа значи дека тие се помлади. Овој свет неизбежно носи критики, но тие тоа го знаат подобро од мене и на пример, двајца тренери како Пирло и Гатузо имаат сè за да ги решат своите проблеми.

-Од време на време, јас исто така разговарам со нив на телефон. Пред неколку дена разговарав со [тренерот на Беневенто] Пипо Инѕаги. Тој е еден од оние со кои почесто зборувам. Јас сум многу приврзан за него, како и за сите играчи што сум ги тренирал, особено оние од мојот период со Милан, -дополни тренерот на „карамелите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни