Светски првенства
Анчелоти: Роналдо може мисли дека има 20 години, но….

Карло Анчелоти одработи поопширно интервју за „Газета“ и во истото го посочи својот главен фаворит за освојување на титулата на Светското првенство, но говореше и за теми кои се доста блиски за него поради минатото, но и поради фактот што е тренер на најтрофејниот клуб во Шпанија.
Дон Карло типуваше дека светската титула ќе му припадне на Бразил, но доби прашања и за однесувањето на Кристијано Роналдо и болната елиминација на шпанската фудбалска репрезентација.
– Кристијано? Не го гледав последниот меч на Португалија, бев на пица со моите внуци. Останал на клупата? Не ме чуди, во фудбалот се е возможно. Тој можеби мисли и се чувствува како да има 20 години поради тоа што добро го чуваше своето тело, но во селекцијата има голема конкуренција.
– Можам да говорам за тоа јас како го доживував. Јас немав никогаш проблем со него. Напротив, тој ми ги решаваше сите проблеми. Како може да биде проблем човек кој постигнува гол на секој меч. За мене беше многу лесно да се справам со него.
– Тики-така фудбалот на Шпанија? Јас не се срамам да седам позади и да чекам шанса на контра, дури и кога имам играчи со големи квалитети. Со играчи како Винисиус и Мбапе, кога ќе ја украдете топката ќе бидете како деликвенти. Мурињо е еден од најголемите, а самиот кажал дека има победено многу натпрвари со цврста дефанзива и контри, – вели Анчелоти.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“