Анчелоти: Реал и Барселона се фаворити во ЛШ поради две причини

anceloti

Искусниот и трофеен италијански стратег, Карло Анчелоти прецизно и директно посочи зошто Реал Мадрид и Барселона се фаворити во натпреварите со Јувентус и Рома во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Дон Карло многу добро го познава ова натпреварување кое го има освоено со две различни екипи (Милан и Реал Мадрид), па верува оти искуство, плус Кристијано Роналдо и Лионел Меси се доволни фактори шпанските прволигаши да ја имаа фаворитската улога во пресметката со калчолигашите.

-Јасно е дека дуелите во ЛШ ги одлучуваат најмалите детали и во еден меч доволна е една одлука на судијата да бидете елиминирани. Реал и Барселона се фаворити поради нивното искуство и поради тоа шти ги имаат Роналдо и Меси. Јасно е дека (Јувентус и Рома) не се фаворити бидејќи пред нив се две европски сили, но сепак ќе имаат шанси, -вели Анчелоти.

Facebook Коментари